Индустријата го забележа првиот пад годинава

Bez autora
Jul 31 2011

Првпат во јуни оваа година индустријата забележала пад од 1,8 отсто. По петмесечниот континуиран раст на индустриските индекси, од кои најјакиот беше во март кога индустриското производство порасна за фантастични 24,5 отсто, во јуни тоа падна. Овој податок ја прави реална опасноста да се урнат оптимистичките проекции за економски раст во вториот квартал од оваа година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, се намалило за 1,8 отсто. Според експертите, се работи за нормален циклус во индустријата, во одредени периоди таа да оди нагоре, а во одреден и да паѓа. Можен фактор за падот е и сезоната кога почнува летото и кога забавуваат сите активности. Од друга страна, според нив, интересен е фактот што во истиот период минатата година индустријата регистрирала раст од 5,4 отсто, кој сам по себе го исклучува сезонскиот карактер за пад.

Индустријата го забележа првиот пад годинаваПрвпат во јуни оваа година индустријата забележала пад од 1,8 отсто.

По петмесечниот континуиран раст на индустриските индекси, од кои најјакиот беше во март кога индустриското производство порасна за фантастични 24,5 отсто, во јуни тоа падна. Овој податок ја прави реална опасноста да се урнат оптимистичките проекции за економски раст во вториот квартал од оваа година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, се намалило за 1,8 отсто. Според експертите, се работи за нормален циклус во индустријата, во одредени периоди таа да оди нагоре, а во одреден и да паѓа. Можен фактор за падот е и сезоната кога почнува летото и кога забавуваат сите активности.

Од друга страна, според нив, интересен е фактот што во истиот период минатата година индустријата регистрирала раст од 5,4 отсто, кој сам по себе го исклучува сезонскиот карактер за пад. Како и да е, токму кога се помисли дека кризата е замината и дека за стопанството дојдоа подобри денови, јунскиот пад на индустријата дава слаб, но сигурен сигнал дека тоа не е така. Политичката и економска криза во САД и еврозоната се закануваат целосно да го срушат кревкиот економски раст пошироко, но и кај нас. Доказ плус дека состојбите не се добри е и податокот дека нашата буџетска каса во истиот месец, јуни годинава, имала кусок од близу 20 милиони евра.

Најголем удел во јунскиот пад на индустријата годинава има секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој во јуни забележал опаѓање од 33,5 отсто, додека енергијата бележи опаѓање за 45,7 отсто. И кај интермедијарните производи, освен енергија, регистрирано е опаѓање за 3,6 отсто.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи опаѓање од 2,8 отсто, додека секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4 отсто. Најголем раст е регистриран кај трајните производи за широка потрошувачка од дури 139,8 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, бележи пораст кај капитални производи за 17,6 отсто, а нетрајните производи за широка потрошувачка за 11,4 отсто. Сепак, индустриското производство во периодот јануари - јуни 2011 година, споредено со истиот период од минатата година, бележи зголемување за 9,2 отсто.

И додека индустријата во јуни забележала пад, бројот на работници во оваа гранка во истиот месец е зголемен за 3,3 проценти. Државниот завод за статистика објави дека во секторот Рударство и вадење камен бројот на работници е зголемен за 2,8 проценти, во Преработувачката индустрија за 1,8 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,2 процента.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај енергија за 3,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 2,8 отсто, кај капитални производи за 5,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.

Во периодот јануари - јуни е забележан пораст на бројот на работници за 2,2 процента во однос на истиот период 2010 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik